Врз основа на претходно објавен јaвен повик за членови Локалното собрание на млади на општина Охрид на ден 05.12.2025 година оддржа седница на која се изврши верификација на мандатите на делегатите и замениците делегати на новото Локално собрание на млади.
Делегати на новото собрание на млади се: Софија Кецкароска, Иво Георгиески, Ѓоко Јузмески, Елхам Ибрахим, Марко Бешироски, Ангел Трајчески, Бојан Стрезовски, Андреј Маркоски, Матеја Стојческа, Ања Стефаноска, Христијан Јанкуловски и Ѕвездан Јончевски
Заменици-делегати се:Павел Стоев,Лина Јоноска, Корај Ахмед, Теодора Митреска, Филип Танаскоски и Луси Стојческа.
После верификацијата на делегатите и замениците делегати се пристапи кон избор на претседавач и секретар на собрание на млади при општина Охрид.
За претседавач беше избран Марко Бешироски а нов секретар е Бојан Стрезовски.
Истиот ден беше одржана и седница на која се избраа членови на Локалниот младински совет по предходно објавен јавен повик.
За нов Претседател на Локалниот младински совет е избран Игор Јосифоски, а за заменик-претседател Софија Кецкароска.
Нови членови во Локалниот совет на млади се : Иво Георгиески, Флорина Мишеска, Ѓоко Јузмески, Јана Билбилоска, Андреј Маркоски, Софија Кецкароска и Игор Јосифоски.





























