Background

Ново обвинение против синот на принцезата ја потресе нацијата

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Мариус Борг Хојби (29), најстариот син на престолонаследничката, принцезата Мете-Марит и посинок на престолонаследникот, принцот Хаакон, е обвинет за 32 кривични дела, вклучувајќи силување, семејно насилство, напад и злоупотреба.

- Advertisement -
Ad image

Обвиненијата доаѓаат по едногодишна полициска истрага. Хојби ги негира најсериозните обвинувања. Доколку биде осуден, може да се соочи со затворска казна до 10 години. Норвешката кралска палата вели дека случајот ќе им го препушти на судовите.

Тој сека се соочува со дополнителни кривични обвиненија само неколку дена пред почетокот на неговото долгоочекувано судење во Осло.

Според обвинителството, против 29-годишникот сега се поднесени вкупно 38 обвиненија, вклучувајќи сериозни кривични дела како што се наводно силување, насилство врз интимен партнер, напад, закани со смрт, прекршување на забрана за движење, како и бројни сообраќајни прекршоци.

Најновите обвиненија вклучуваат сериозен случај од јули 2020 година, кога Хојби наводно примил и транспортирал најмалку 3,5 килограми марихуана низ Норвешка и ја предал дрогата на друго лице. Тој е обвинет и за две прекршувања на забраната за движење и три дополнителни прекршоци според Законот за сообраќај.

Судењето е закажано да започне на 3 февруари во Осло и да трае до средината на март, а норвешката јавност внимателно го следи случајот, кој длабоко го потресе кралското семејство и покрена прашања за одговорноста, правдата и еднаквоста пред законот.

Во декември, членовите на кралското семејство за прв пат јавно проговорија за случајот. Мете-Марит, нејзиниот сопруг, престолонаследникот Хаакон, како и кралот Харалд и кралицата Соња, проговорија за личниот и семеен товар што обвинувањата го наметнаа врз нив.

Мете-Марит ги отфрли тврдењата дека го предупредила својот син за неговото апсење и призна колку длабоко ја погодиле обвинувањата. Таа истакна дека семејството побарало стручна помош за Мариус и нагласи дека ја сфатиле ситуацијата сериозно од самиот почеток, и покрај јавните критики.

Кралот Харалд рече дека кралското семејство ќе се обиде да продолжи со своите должности „како и обично“, но изрази сочувство за сите оние кои се погодени од случајот, особено за наводните жртви.

Норвешкото јавно обвинителство претходно нагласи дека ова е исклучително сериозен случај и дека кралскиот статус на семејството Хојби не треба да има никакво влијание врз текот на постапката. Доколку биде осуден, Борг Хојби може да се соочи со затворска казна до десет години.

52-годишната поранешна келнерка Мете-Марит го доби 29-годишниот Мариус во врска со осудениот криминалец Мортен Борг. Иако не е официјален член на кралското семејство, Мариус често бил во друштво на неговата мајка, очувот, полусестрата Ингрид Александра и полубратот Свере Магнус, но првите проблеми започнале во 2017 година кога бил уапсен за поседување мала количина дрога, за што бил казнет со 4.000 норвешки круни.

Претстојното судење е едно од најчувствителните во поновата норвешка историја, а неговиот исход може да има долгорочни последици не само за обвинетите, туку и за перцепцијата на јавноста за норвешката монархија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation