Новиот филм за Рамбо, кој првпат се појави пред цели 30 години, би требало да излезе во 2026 година, а ќе го режира Китао Сакураи.
Тој е безвременски акционен филм за љубителите на овој жанр, а освен што го толкуваше главниот лик, Силвестер Сталоне беше и косценарист.
Во новиот филм за Џон Рамбо, ќе го видиме актерот Ноа Сентинео, 29, како ја игра оваа улога, иако тој не бил првиот избор на Сталоне.
Ноа го доби својот прв голем пробив кога ја презеде улогата на Исус Адамс Фостер во „Фостерс“ во 2013 година.
Тој го играше Питер Кавински во сите филмови „To All The Boys“ и ја играше главната машка улога во „Sierra Burgess Is A Loser“.
Инсајдерите велат дека Силвестер е свесен за проектот и е „известен“ за изборот на Ноа.
Ѕвездата на Рамбо, 79-годишниот Сталоне ја изрази својата желба за тоа кој би сакал да ја игра улогата.
Во разговор во емисијата „The Tonight Show“ на Џими Фалон минатата година, Силвестер рече дека би му ја „предал палката“ на Рајан Гослинг.
Тој рече: „Го запознав на вечера и очигледно сме различни. Тој е убав – јас не сум. Така функционира.
Сталоне раскажал дека Гослинг му кажувал дека како дете бил фасциниран од Рамбо и одел на училиште облечен како Рамбо.
– Тој само постојано велеше дека има голема поврзаност со Рамбо, и јас си помислив дека ова е интересно. Ако некогаш ја предадам палката, ќе му ја предадам нему затоа што го сака ликот – рекол Сталоне.
Фото: EPA/WALTER BIERI