Background

Новиот ајатолах лежи во болница во бессознание

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хаменеи, е на лекување во градот Ком и, според информации на американското и израелското разузнавање, „не е способен да ја води државата“.

Според документот на разузнувачките служби лиферуван меѓу сојузниците во Заливот во кој увид имал лондонски „Тајмс“, Хаменеи е во тешка здравствена состојба и во бессознание, по воздушните напади во кои беше убиен неговиот татко, долгогодишниот врховен лидер Али Хаменеи.

Според наводите од разузнавањето, помладиот Хаменеи не учествува во донесувањето клучни одлуки во државата, додека траат подготовките за погребот на неговиот татко. Разузнавачките служби, како што се наведува, забележале и активности за изградба на голем мавзолеј во Ком со повеќе гробници што би може да укажува на планови таму да бидат погребани повеќе лица на исто семејство.

- Advertisement -
Ad image

Иранските власти претходно потврдија дека Моџтаба Хаменеи бил ранет во истиот напад, во кој, според извештаите, загинале и неговата мајка и сопруга. Тој не е појавен во јавноста од почетокот на конфликтот, иако во март беше избран за наследник на функцијата на неговиот татко.

Во меѓувреме, иранската државна телевизија емитуваше писмени изјави што му се припишуваат, како и видео генерирано со вештачка интелигенција, на кое наводно се гледа како анализира мапа на израелскиот нуклеарен објект во Димона.

Информациите на разузнавањето дополнително ги поттикнаа шпекулациите дека вистинската контрола врз државата би можела да ја има Исламската револуционерна гарда, додека Хаменеи формално би останал на функцијата.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон води разговори со други ирански претставници, но не и со врховниот лидер.

Иранските медиуми наведуваат дека погребот на Али Хаменеи би можел да се одржи во неговиот роден град Машхад, еден од најголемите шиитски верски центри, додека јавна комеморација се очекува да биде одржана во Техеран. Датумот се уште не е објавен.

Утре истекуваат 40 дена од неговата смрт на 28 февруари, со што завршува традиционалниот период на жалост кај шиитските муслимани.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation