Топ Вести - Слушај сега
Некогаш новинарството беше синоним за непоткупливост. Новинарите беа оние кои ги бараа вистините што власта сакаше да ги скрие, кои поставуваа непријатни прашања, кои ја будеа јавноста. Денес, во Северна Македонија, сведоци сме на потполна деградација на оваа благородна професија. Наместо чувари на демократијата, медиумите се претворија во партиски гласила, а новинарите во добро платени портпароли на власта.
Механизмот на корупција е едноставен, но ефикасен. Државните институции, јавните претпријатија и општините склучуваат договори за “пиар и маркетиншки услуги” со фантом фирми. Замислете го апсурдот: лица кои се вработени во државни институции, кои не се докажале на своите редовни работни места, наеднаш стануваат “пиар експерти” и добиваат месечни исплати за консултантски услуги од јавни претпријатија и општини преку фантом фирми без ниту еден вработен. Истите тие што не ги бива за основните задачи во матичното претпријатие, сега се платени да го водат имиџот на јавни компании и таквите договори се кријат како змија нога од јавноста.
Бројките зборуваат сами за себе. Ваквите квази „дами“ експерти само во еден град во западна Македонија годишно инкасирале фантастични 50.000 евра. Педесет илјади евра за “пиар услуги” во еден град! Ова не се пари за професионални услуги – ова се пари за купување молчење, за купување поддршка, за купување новинарски интегритет.
Резултатот е пред нашите очи. Медиумите кои некогаш претендираа на објективност, денес функционираат како партиски памфлети. Критичката мисла е маргинализирана, а секој што се осмели да постави непријатно прашање брзо е купен или заглушен. Оние кои не можат да бидат купени едноставно се исфрлаат од јавниот простор.
Траги-комичната страна на оваа приказна е видлива на секој чекор. „Новинари-експерти“ со плата од 40.000 денари патуваат на егзотични дестинации, облечени се како старлетки, живеат живот кој финансиски е невозможен со нивната официјални примања. Објаснувањето е едноставно: партијата му била мајката. Договорите за “пиар услуги”, фантом фирмите, фиктивните фактури – сето тоа им овозможува на овие “буба шваби” од новинарската професија да живеат над своите можности, додека ја предаваат својата професионална интегритет.
Ова не е само проблем на новинарството. Ова е проблем на демократијата. Кога медиумите стануваат продолжена рака на власта, кога критичкото мислење е купено или заплашено до молчење, граѓаните остануваат без основен демократски механизам – пристап до објективни информации. Во таква средина, власта може да прави што сака, без страв од одговорност.
Посрамотеното новинарство е симптом на подлабока болест. Државата која го купува новинарството е држава која ја губи својата демократска легитимност. Медиумите кои функционираат како партиски гласила не се медиуми – тие се пропагандни машини. А новинарите кои го продаваат своето перо за егзотични патувања и дизајнерски облека, се издајници на својата професија.
Прашањето е: до кога? До кога граѓаните ќе трпат оваа фарса? До кога ќе молчат оние што знаат? До кога новинарството ќе биде на продажба?
Одговорот зависи од нас. Од нашата подготвеност да ја именуваме корупцијата, да ги бојкотираме продадените медиуми, да ги поддржуваме оние ретки новинари кои уште имаат интегритет. Новинарството може да биде спасено, но само ако постои волја за тоа. Засега, таа волја недостасува.
Партијата му била мајката – оваа народна изрека сега има ново, горчливо значење во светот на македонското новинарство.
П.С. Еден сопственик на интернет портал од Западна Македонија покрај едно убаво езеро, кој сопственик е дел од таа поткупена болумента, запрашан од своите другари како го гледа новинарството ќе истакне: „Јас објавувам само проверени вести и нема што да истражувам.” Точно е дека дечкото објавува само проверени до него испратени соопштенија од државни институции, поточно прави копи-пасте на објави од државни институции, но и од настани од верски календар. Жално, ама вистинито – поголемо дно нема.
Сашо Денесовски-Охридскај
Tagged as:
Новинарството на продажба: Кога државата ја купува четвртата власт
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
