Нови детали од истрагата за монструозното убиството во гостиварско Неготино

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Заврши обдукцијата на 53-годишна жена од гостиварско Неготино чие тело вчера беше пронајдено закопано во атарот на селото. Првичниот наод потврдува дека таа била лишена од живот со огнено оружје, информираат од Обвинителството. Во рамки на истрагата, по наредба на јавен обвинител, во тек се вештачења на траги подигнати од повеќе локации, како и претреси и други истражни дејствија поврзани со случајот што ја вознемири јавноста.

Истовремено, краткотрајниот притвор на првоосомничениот С.М. е продолжен за уште 48 часа, додека Обвинителството до надлежниот суд предложило 48-часовен притвор и за уште едно лице кое вчера било приведено во полициската станица. Од Обвинителството велат дека станува збор за женско лице, но не потврдуваат дали станува збор за 48-годишната Ѓ.В., сопруга на осомничениот, која вчера беше задржана во полициска станица.

Станува збор за случајот со 53-годишната Х.А. од селото Равен, која беше пријавена за исчезната на 9 декември од нејзиниот син, 34-годишниот Ј.М. Според неговата пријава, два дена претходно, на 7 декември, жената била забележана како влегува во автомобил „фиат“, по што станала недостапна на телефон.

Дополнително, синот пријавил дека ноќта меѓу 6 и 7 декември осомничениот С.М. влегол во нивниот дом и пребарувал по собите, при што исчезнале и пари. Полицијата го привела С.М. на 11 декември во раните утрински часови, под сомнение дека ја принудил жената да замине со него.

Истрагата, како што информира МВР, добила пресврт откако безбедносните камери и телефонските листинзи покажале дека осомничениот дал лажен исказ, а последниот телефонски контакт на жртвата бил токму со него. По судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што била приведена и неговата сопруга, Ѓ.В. (48).

Во полициски разговор, сопругата признала дека С.М. ја застрелал Х.А. со пиштол и открила каде телото било закопано. Во присуство на јавен обвинител, полицијата извршила увид во атарот на селото, каде што било пронајдено безживотното тело, по што истото било испратено на обдукција.

Случајот се води како убиство по член 123 од Кривичниот законик, а истрагата продолжува со цел целосно расчистување на околностите и утврдување на одговорноста на сите инволвирани лица.

Share This Article