Новата мигрантска политика на германскиот канцелар Фирдрих Мерц со која Германија ќе може да одбива азиланти на самата граница предизвика бројни критики во земјата. Критичарите велат дека Германија не се координирала со соседите за новото правило.
Според податоците на германското Министерство за внатрешни работи, само во првата седмица од примената на новите мерки, федералната полиција одбила влез за 739 лица. Меѓу нив имало и 32 барачи на азил. Еден од инцидентите се случил на 11 мај во градот Трир, кога четворица азиланти биле вратени во Луксембург по контрола на автобус.
Од 7 мај 2025 година, Германија воведе засилени гранични контроли, што сериозно го нарушува меѓународниот автобуски сообраќај, особено во пресрет на летната сезона.
Последиците веќе ги чувствуваат бројни превозници и патници од регионот, вклучително и од Македонија и од Западен Балкан.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
