Турција ќе почне да гради ѕид на границата со Грција со цел да спречи илегални влегувања во Европска Унија, изјави гувернерот на турската провинција Едрене, Јунус Сезер.
– Планирано е годинава да почне изградба на 8,5 километри – истакна Сезер, чијашто покраина граничи со Грција и со Бугарија.
Тој додаде дека другите делови од ѕидот би требало да бидат подигнати подоцна долж копнената граница помеѓу Турција и Грција, долга околу 200 километри.
Мигрантите се обидуваат да стигнат до Грција од Турција, главно по морски пат.
За потсетување, Грција го продолжи челичниот ѕид долж границата со Турција во 2023 година, во обид да ги спречи мигрантите да преминат во земјата на Европската Унија.