Најстудено ќе биде во Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до 2 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, Демир Капија и во Велес, каде температурата ќе достигне до 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала облачност. Температурата во главниот град ќе се движи од 7 до 24 степени Целзиусови.
За следните денови УХМР најавува дожд.
Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд.
