Топ Вести - Слушај сега
Русија се подготвува целосно да ја блокира популарната апликација за пораки Телеграм од 1 април, објави рускиот телеграм-канал База. Руското тело за цензура „Роскомнадзор“ ниту ја потврди ниту ја демантираше информацијата.
Повикувајќи се на свои извори, База наведува дека „Роскомнадзор“ ќе започне целосна блокада на апликацијата, слична на онаа што претходно ја воведе за Инстаграм и Фејсбук. Овие социјални мрежи, во сопственост на компанијата Мета, се означени како екстремистички и се забранети во Русија. Според истите извори, Телеграм би требало да престане да функционира на целата територија на земјата, и преку мобилен интернет и преку вај-фај мрежи.
На прашањето за најавената блокада, „Роскомнадзор“ кусо одговори дека „агенцијата нема што да додаде на претходно објавените информации за ова прашање“.
Рускиот регулатор ги засили мерките за забавување на Телеграм на 10 февруари. Според весникот „Комерсант“, времето потребно за обработка на барањата кон доменот на услугата оттогаш е речиси двојно зголемено. Регулаторот соопшти дека ќе продолжи со ограничувањата доколку компанијата не се согласи да ги постави своите сервери во Русија и не се придржува кон руското законодавство.
Tagged as:
Нов удар врз социјалните мрежи во Русија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
