Пратениците го бираат јавниот обвинител, тие се оние кои решаваат кое е најдоброто решение за функцијата. Главен јавен обвинител ќе биде избиран на јавен повик, на кој ќе може да се пријави секој оној кој ќе ги исполнува условите согласно закон и согласно објавениот повик. Тоа денеска го посочи премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите во врска со предлогот на Владата за разрешување на главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.
Премиерот рече дека очекува брзо да се одвива целата процедура на избор на нов главен јавен обвинител.
– Предлогот за разрешување на главниот јавен обинител веќе е образложен. Истиот ако не е досега доставен до Собранието, ќе биде – рече Мицкоски.
За негативното мислење од страна на Советот за јавни обвинители по однос предлогот за разрешување на Коцевски, премиерот рече дека тоа е став на тоа тело, односно дека Владата има поинакво мислење.
Владата на вчерашната седница усвои предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Во појаснувањето на одлуката беше посочено дека Владата ја продолжува постапката што беше привремено стопирана за време на изборниот период.
Предлогот до Собранието за разрешување на Коцевски од функцијата се спроведува врз основа на член 88 став 1 од Законот за Јавно обвинителство, а по претходно добиено мислење од страна на Советот за јавни обвинители.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
