Најмалку 98 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени откако се урна покрив на дискотека во главниот град на Доминиканската Република, објавија тамошните власти нова биланс.
Повеќе од 24 часа по несреќата, мали се шансите дека се уште има преживеани под урнатините на дискотеката Џет Сет.
Во несреќата загина гувернерот на провинцијата Монтекристо, Нелси Круз, како и пејачката Руби Перез, која настапувала кога се урна таванот.
Се уште не е позната причината за уривањето на таванот.