Никотинските ќесички како алтернатива за возрасните пушачи

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Подолг период Германија стагнира во обидот да ја намали стапката на пушење во земјата, иако пушењето цигари останува водечка причина за болести со смртни последици. Според анализата „Забраната не дава резултат – Никотински вреќички во Германија“, од штетните последици од цигарите се губат 100.000 човечки животи годишно и се регистрирани над 17 милиони пушачи.

Поради ваквите податоци, иако приоритет за јавното здравје треба да биде намалување на стапката на пушење, сепак актуелната законодавна рамка во Германија не го стимулира таквиот чекор. Светската здравствена организација уште во 2009 година во оваа насока ги поддржа производите што се никотинска замена за цигарите. Тука влегуваат и никотинските ќесички, кои се резултат на развојот на технологијата во индустријата и се сметаат за помалку штетна алтернатива на цигарите (врз основа на тежината на доказите и претставувајќи целосно префрлување од пушењето цигари. Овие производи не се без ризик и предизвикуваат зависност). Односно, претставуваат метод и алатка која придонесува кај милиони луѓе ширум светот да се откажат од користењето на цигари.

Сепак, на еден навистина неочекуван начин, Германија во практика ги забрани за продажба никотинските ќесички, а ваквиот потег создаде опасен црн пазар и стагнација во падот на стапката на пушење. Во 2021 година, поради фактот што никотинските ќесички не содржат тутун и се консумираат орално, овие производи од страна на германските судски власти беа класифицирани како храна. Ваквата класификација ги исфрли никотинските ќесички од пазарот, зашто според германските правилници за безбедност на храната не смее да се надминат 0,0008 mg никотин по килограм телесна тежина. Ова е значително помала содржина на никотин од која и да било никотинска вреќичка која дотогаш постоела на германскиот пазар. Судските одлуки останаа непроменети и покрај логичните тврдења на федералното Министерство за заштита на потрошувачите, според кое „никотинските ќесички за орална употреба треба да се сметаат за производ поврзан со тутунот и затоа треба да бидат регулирани во согласност со Законот за тутун“.

Со сличен став излезе и германскиот Федерален институт за проценка на ризици, кој препорача никотинските ќесички да се продаваат под законски регулирани услови.

„Префрлањето од цигари на употреба на никотински ќесички може да придонесе за намалување на здравствените ризици за една личноста која пуши цигари. Контролата на квалитетот, како резултат на стандардизацијата и регулаторните активности, се чини дека е корисно средство за минимизирање на ризиците од никотинските ќесички“, пишува во извештај на Институтот, по направена проценка на ризик на никотинските ќесички во 2020 година.

Според анализата, забраната за легална продажба изложила приближно 1,4 милиони луѓе во Германија во 2024 година на производи од црниот пазар чиј квалитет не е испитан. Најголемиот дел од никотинските ќесички, кои на црниот пазар можат и малолетници лесно да ги нарачаат преку интернет, содржат најмалку 16,6 mg по ќесичка, а некои производи содржат дури и 150 mg никотин по ќесичка. Овие вредности се далеку повисоки од она што е утврдено со германските правилници за храна.

Дополнително, забраната за продажба на никотинските ќесички, како што се додава во анализата, придонесува да се регистрираат катастрофални резултати од испитувањата на јавното здравје во Германија. Стапката на пушење во Германија изнесува 24%. Земјата покажа скромен пад на стапката од 30% во 2006 година, а и нема напредок од 2017 година па навака. Во изминатите пет години од спроведувањето на забраната за никотинските ќесички, падот на стапката на пушење е скоро целосно израмнет.

„Поради недостиг на регулатива пушачите може да ја изгубат перцепцијата за никотинските ќесички како помалку штетна алтернатива (Овој производ не е без ризик и содржи никотин, состојка која создава зависност). Како резултат на тоа, овие лица веројатно нема да употребуваат нерегулирани производи и наместо тоа, продолжувааат да пушат поради навика, поради согледан ризик или поради недостаток на доверливи алтернативи“, се наведува во анализата „Забраната не дава резултат – Никотински вреќички во Германија“.

Германскиот пример е во целосен контраст со пристапот на дел од земјите од Европа кои ја намалија стапката на пушење додека на своите пазари нудат помалку штетни никотински производи, како што се никотинските ќесички. Шведскиот прогресивен пристап, кој ги овозможува и регулира алтернативните никотински производи, придонесе оваа земја да биде првата „земја без чад“, каде стапката на пушење е под пет проценти и каде се намалува бројката на болести предизвикани од чадот на цигарите.

- Advertisement -
Ad image

Друг позитивен пример за успешен пристап применува Чешка, која воведе законска рамка за никотински ќесички во 2022 година. Помеѓу 2020 и 2023 година, Чешка забележа најголем пад на стапката на пушење во Европа, од 30% на 23%. Иако стапката останува релативно висока, Чешка за кратко време ја престигна Германија. Исто така, во Велика Британија пушењето се намали за речиси една четвртина, од 15,8% во 2016 година на 11,9% во 2023 година, поради зголемената употреба на алтернативни никотински производи. Дополнително, владиниот Комитет за токсичност на хемикалиите во храната, производи за широка потрошувачка и животна средина (COT), во својата изјава за употребата на орални никотински ќесички со никотин и проценката на потенцијалниот токсиколошки ризик за корисниците, спомена дека употребата на ќесичките како замена за пушењето е „веројатно поврзана со намалување на вкупниот ризик од негативни здравствени ефекти“.

За оваа цел и компанијата Бритиш Американ Тобако во своето портфолио ги вклучува никотинските ќесички Velo.

- Advertisement -
Ad image

– Општо прифатено е дека најголемиот дел од штетните последици поврзани со тутунот се предизвикани од вдишувањето на чадот создаден од горењето. Тогаш, јасно ни е дека возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да користат цигари, треба да бидат охрабрени од сите засегнати страни да се префрлат на производи без чад. Потрошувачите заслужуваат избор. Нашето портфолио на производи без чад е дизајнирано да обезбеди научно поткрепени алтернативи со намален ризик за пушењето. Знаеме дека кај возрасните пушачи има поголема веројатност да се префрлат на нови производи доколку можат да најдат прифатливи алтернативи кои нудат уживање и повторно доловуваат некои од моментите поврзани со пушењето – вели Лучијано Камин, директор за Одделот за запаливи материи и нови категории во БАТ.

За разлика од цигарите, каде што никотинот се апсорбира преку вдишување на штетен чад во белите дробови, никотинските ќесички како Velo се внесуваат со поставување под горната усна. Тие ослободуваат и вкус и никотин. Овие алтернативни никотински производи без чад, нудат посебно чувство во устата што не се чувствува како при пушењето цигари. За разлика од цигарите, овој производ не испушта аеросол. Ова им дава можност на возрасните потрошувачи да користат алтернативни никотински производи без да влијаат штетно на оние околу нив.

Share This Article