Невремето и силниот ветер вчера привремено го запреа авиосообраќајот на најголемиот аеродром во Хрватска, Загреб. Шест авиони попладнево кружеа околу небото над Карловац дваесетина минути. Според хрватските медиуми, некои од нив се обиделе и да слетаат, но поради силниот ветер од безбедносни причини се откажале од слетувањето.
Неколку линии, пак, доцнеа повеќе од 40 минути. Поради лошото време можни се одложувања и откажувања на летовите до крајот на денот.
Летот од Рим бил пренасочен кон Виена, додека авионот од Амстердам го откажал слетувањето и се упатил кон Трст. Ненадејна промена на дестинацијата им се случи и на патниците од Истанбул кои завршија во Будимпешта.
Големо невреме денеска има и во Србија. Републичкиот Хидрометеоролошки завод вечерва издаде уште едно предупредување дека во текот на вечерта и ноќеска се очекуваат врнежи со грмежи и засилен ветер.
Најавено е дека зоната на врнежи ќе се движи кон другите делови на Србија во вечерните часови и во текот на ноќта кон петок, придружени со заладување и засилен северозападен ветер.
Невремето утре се очекува и во Македонија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
