Дојран пладнево беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град.
Како што информираат од Центарот за управување со кризи, во моментов се движи нова нестабилна маса од Гевгелија кон Дојран, по што се очекува невреме со истите појави.
„Пред 20-тина минути Дојран беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град. Во моментов нова нестабилна маса се движи од Гевгелија кон Дојран и се очекува повторно да го зафати невреме со истите појави“, се вели во соопштението.
Нестабилност со слаб интензитет, оттаму додаваат дека има и во Кумановско, како и во Мариовско.