Background

Нетанјаху се држи до идејата за „ривиера“ на Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска уште еднаш ја отфрли опцијата палестинските власти да ја преземат контролата врз Појасот Газа, а во исто време ја истакна својата поддршка за планoт на американскиот претседател Доналд Трамп за иднината на крајбрежната енклава уништена од војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, јави ДПА.

– Токму каков што е мојот став, ден по завршувањето на војната во Газа, таму нема да има ниту Хамас, ниту палестинска управа. Го поддржувам планот на американскиот претседател Трамп да создаде поинаква Газа  – рече Нетанјаху.

Трамп предложи речиси два милиони жители на Појасот Газа да бидат раселени во соседните земји, а опустошените крајбрежни територии да станат „Ривиера на Блискиот исток“.

- Advertisement -
Ad image

Нетанјаху денеска исто така ги демантираше наводите на арапските медиуми дека Хамас ја предал контролата врз Појасот Газа на палестинската самоуправа.

Претходно денеска, арапските медиуми објавија дека Хамас се согласил да ја отстапи контролата над Газа на палестинската самоуправа како дел од преговорите за трајно завршување на војната.

Израелската војска денеска исто така соопшти дека нејзините сили ќе останат на пет стратешки локации во јужен Либан во близина на границата по утрешниот краен рок за нивно повлекување предвиден во мировниот договор со милитантната група Хезболах.

Либанската влада и Хезболах се против какво било одложување на повлекувањето, кое веќе е одложено на три недели.

Израелско беспилотно летало денеска погоди автомобил во јужниот либански град Сидон во најдлабокиот напад на либанска територија од стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот.

Израел соопшти дека целта бил Мухамед Шахин, шеф на палестинските операции на Хамас во Либан.

Нетанјаху претходно се заколна дека ќе ги отвори „портите на пеколот“ доколку Хамас не ослободи десетици преостанати заробеници во Појасот Газа. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, целосно ги поддржа воените цели на Израел, велејќи дека Хамас „мора да се искорени“ – ставајќи ја иднината на несигурниот прекин на огнот во дополнителен сомнеж.

Хамас реагираше на израелски напад во јужниот дел на Газа, во кој загинаа најмалку тројца полицајци. Милитантнат група вели дека нападот е сериозно кршење на договорот за примирје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation