Background

Нетанјаху побара да му се одложи сведочењето во неговото долгогодишно судење за корупција, кое треба да продолжи следната недела

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара да му се одложи сведочењето во неговото долгогодишно судење за корупција, кое треба да продолжи следната недела. Како причина тој ја наведувај моменталната безбедносна состојба во регионот, според поднесокот што до судот денеска го доставил неговиот адвокат.

Судењето на Нетанјаху требаше да продолжи еден ден откако Израел ја укина вонредната состојба воведена поради војната со Иран и по прогласувањето прекин на огнот завчера. Одбраната изјави дека е подготвена да продолжи со испитување на сведоците на обвинителството.

„Поради доверливи безбедносни и дипломатски причини поврзани со драматичните настани што неодамна се случија во Државата Израел и низ целиот Блиски Исток, премиерот нема да може да сведочи на судењето најмалку во следните две недели“, се вели во поднесокот до Окружниот суд во Ерусалим.

- Advertisement -
Ad image

Во документот се додава дека на судот му е доставен запечатен плик со детали за доверливите причини. Судот ќе донесе одлука откако обвинителството ќе го достави својот одговор. Нетанјаху, првиот израелски премиер обвинет за кривично дело додека е на функција, ги негира обвиненијата за поткуп, измама и за кршење на довербата, што беа покренати во 2019 година по неколкугодишна истрага.

Судењето, кое започна во 2020 година и може да резултира со затворска казна, постојано се одложува поради неговите официјални обврски, а крајот на процесот не е на повидок.

Обвиненијата против Нетанјаху, заедно со нападите на Хамас врз Израел во октомври 2023 година, му наштетија на угледот.

Израел треба да одржи избори во октомври на кои коалицијата на Нетанјаху, најдесничарската во историјата на Израел, би можела да ја изгуби власта, според анкетите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation