Background

Нетанјаху остро ги критикуваше Макрон, Стармер и Карни

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска остро ги критикуваше лидерите на Велика Британија, Франција и Канада, обвинувајќи ги дека со повиците за запирање на засилената воена офанзива во Појасот Газа, му прават „голема услуга“ на Хамас, објави Политико.

Британскиот и канадскиот премиер, Кир Стармер и Марк Карни, заедно со францускиот претседател – Емануел Макрон, вчера ја осудија „скандалозната ескалација на насилството во Појасот Газа“, предупредувајќи дека ќе следуваат „конкретни акции“ доколку израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не го промени курсот на делување.

Нетанјаху, пак, повтори дека Израел останува решен да постигне „целосна победа“ над Хамас.

- Advertisement -
Ad image

Во заедничката изјава на Стармер, Карни и Макрон се наведува дека доколку Израел не ја запре обновената воена офанзива и не ги укине ограничувањата за хуманитарна помош, „ќе бидат преземени понатамошни конкретни акции како одговор“.

„Секогаш сме го поддржувале правото на Израел да ги заштити своите граѓани од тероризам. Но, оваа ескалација е целосно непропорционална“, се наведува во нивната изјава.

– Со тоа што бараат Израел да ја прекине одбранбената војна за наш опстанок, пред да бидат уништени терористите на Хамас на нашата граница, а и со тоа што повикуваат на создавање палестинска држава, лидерите во Лондон, Отава и Париз нудат огромна награда за геноцидниот напад врз Израел на 7 октомври, а истовремено повикуваат на уште такви злосторства – реагираше Нетанјаху на оваа заедничка порака.

Тој додаде дека „војната може да заврши утре доколку сите преостанати заложници бидат ослободени, Хамас го положи оружјето, неговите убиствени лидери бидат протерани, а Газа демилитаризирана“.

– Од ниту една нација не може да се очекува да прифати нешто помалку, а Израел сигурно нема да го стори тоа. Ова е војна на цивилизацијата против варварството. Израел ќе продолжи да се брани со праведни средства сè додека не се постигне целосна победа – нагласи Нетанјаху.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation