Background

Нетанјаху и американскиот државен секретар ќе зборуваат за примирјето и за „ривиерата“

Пратка американско тешко оружје пристигна во Израел во текот на ноќта, соопшти денеска израелското Министерство за одбрана, додека американскиот државен секретар Марко Рубио е во Ерусалим на разговори со израелските лидери.

„Пратка тешки бомби неодамна обезбедени од американската влада беше примена и истоварена во Израел во текот на ноќта“, се вели во соопштението на Министерството. Се работи за пратка тешки бомби МК-84 неодамна одобрени од администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Лани администрацијата на Бајден ја запре испораката на тие бомби од 900 килограми поради загриженоста за цивилни жртви во Газа, јавија американските медиуми.

- Advertisement -
Ad image

Рубио денеска во Ерусалим ќе разговара за примирјето во Газа со израелскиот премиер, со што ја почнува блискоисточната турнеја еден ден по последната размена на заложници и затвореници.

Во својата прва посета на регионот како топ дипломат на Вашингтон, Рубио се очекува да го поттикне широко осудениот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Појасот Газа и да ги премести неговите повеќе од два милиони жители.

Планот предвидува обнова на крајбрежната територија во „Ривиера на Блискиот Исток“ откако беше уништена од повеќе од 15 месеци војна меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, јавија американските медиуми.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја поздрави идејата за време на неговата неодамнешна посета на Белата куќа, но странските лидери во голема мера ја отфрлија.

Рубио пристигна на аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив неколку часа откако Хамас ослободи тројца израелски заложници во Газа во замена за 369 палестински затвореници – шеста размена според кревкиот прекин на огнот.

Преговорите за втората фаза од примирјето, чија цел е да се обезбеди траен крај на војната, се очекува да започнат следната недела во Доха.

Вашингтон соопшти дека е отворен за алтернативни предлози од арапските влади, но инсистира дека засега „единствениот план е на Трамп“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation