Несовесен кумановец вчера возел автомобил во тешко пијанство, со измерени 3,46 промили алкохол во крвта.
„На 16.5.2025 во 17 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.М.(49) од село Долно Којнаре, кумановско. При сообраќајна контрола на улицата Борис Кидрич во Куманово било сопрено патничко возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,46 промили алкохол во крвта“, соопшти полицијата.
Тој бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за кривичното дело Безобѕирно управување со моторно возило.