Неочекувано откритие го возбуди светот – новит папа Лав е роднина со фудбалската легенда Ерик Кантона. Истражувањето на генеалошка компаниа од Париз вели дека според нивните податоци семејното стебло на папата од страната на неговиот татко оди сè до Италија, од каде што мигрирал во Соединетите Држави, преку Франција, пренесува српска Нова.
Тие успеале да ја реконструираат неговата семејна лоза сè до 1415 година, и се покажало дека папата Лав XIV е далечен братучед на фудбалската легенда на Франција и на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона.
Тие се далечни роднини, па нивните семејни линии се споиле во периодот од 12-ти до 15-ти век, кога Бертран Негрел и Луиз Жан се венчале во 1566 година во Роквер на југот на Франција.
Од друга страна, папата е голем спортски навивач. Познато дека навива за Чикаго Вајт Сокс, бејзбол тим и дека е голем навивач на Рома. Тој исто така го сака тенисот, а неодамна се пошегува дека би играл тенис со Јаник Синер, но дека не може да го покани во Ватикан бидејќи зборот Синер значи грешник.
Папата е роден во Чикаго како Роберт Превост. Тој ја предводеше инаугуративната миса во Ватикан, означувајќи го официјалниот почеток на неговата улога, а повеќе од 250.000 верници ја гледаа на плоштадот „Свети Петар“.