Топ Вести - Слушај сега
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) не утврдиа судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски и фирмата „Сити аутсорсинг“, за која СДСМ тврдеше дека му припаѓа на неговиот татко и дека добивала тендери од државни институции.
Постапката што ја водеше Антикорупциската комисија е запрена.
Софија Спасовска-Медарска, член на ДКСК, вели дека во минатото постоела повзраност на членови на семејството на актуелниот директор со тоа трговско друштво, но во моментов таква поврзаност нема.
– Нема ниту сопственичка, ниту управувачка поврзаност на службеното лице или на член на неговото семејство. Од електронскиот систем на јавни набавки се гледа дека не се наведени податоци за договори склучени меѓу наведеното трговско друштво и институцијата со која раководи службеното лице – изјави Спасовска-Медарска.
Претходно, СДСМ обвини дека 161 тенедер наводно добила фирма на блиско лице на директорот на владината служба. Томовски ги отфрли обвинувањата и велеше дека никој од неговото потесно семејство нема сопствеништво во компанијата посечена од опозициската партија. Тој ги повика ДКСК и Јавното обвинителство да покренат случај и што побрзо да го решат.
ДКСК поведе постапки за 234 советници избрани во општините кои не ја исполниле законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси во законски утврдениот рок.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
