Background

НЕМА ПОТРЕБА ОД ПАНИКА, СОСТОЈБАТА СО ГОРИВАТА Е СТАБИЛНА И СЕ СЛЕДИ

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Апслотуно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните дека нема да има нафта, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

- Advertisement -
Ad image

Одговорајќи на новинарски прашања по панелот за растот на економијата во Владата, Димитриеска-Кочоска информира дека вчера во Министерството се одржал состанок со нафтените компании и ниту една од нив не кажала, како што рече, дека има каков било проблем со залихи на нафта. Инспекторите во однос на цените и евентуални поскапувања, напомена, се на терен. Повеќе од 100 бензински пумпи биле посетени од Државниот пазарен инспекторат во тек на едно деноноќие.

Ако се оцени дека има потреба, вели министерката, Владата ќе прогласи кризна состојба и Министерството за финансии ќе ги активира инструментите согласно законот.

Таа упати прашањата за цените на бензините и нафтата да се упатуваат до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) која, информира, ќе заседава в понеделник.

–  Вчера  сите нафтени компании, беа прашани една по една и сите рекоа дека се е во ред. Ако газдите не знаат каква е ситуацијата, не може ние да викаме дека не е како што треба. Нема потреба од создавање паника, а законите имаат предвидено се и институциите ќе постапат. Сите ја следиме состојбата и соодветно ќе реагираме. Во законот за акцизи има автоматски стабилизатори. Тоа значи, ако се прогласи кризна состојба во државата, по автоматизам министерот за финансии носи одлука за промена на цената на акцизата. Ако е цената на нафтата оди нагоре, намалувањето е 1, 2 и 4 денари зависно од тоа во кој праг влегуваме. Но, состојбата ја следиме, се е под контрола. Нема потреба граѓаните да чувствуваат паника. В понеделник, РКЕ, која е надлежна за цените, ќе се состане. Таа одлучува како независен орган. Ние како Министерство сме ги вградиле автоматските стабилизатори и ако има потреба, Владата ќе прогласи кризна состојба и ние веднаш ќе постапиме. Во однос на претходни кризи и искуства гледаме дека ситуацијата е многу постабилна, но ние не сме експерти за нафта, најсоодветно е за тоа да ги прашате РКЕ – порача  Димитриеска-Кочоска.

Министерката не кажа дали има и други, нови инспекциски контроли. За тоа е најдобро, рече, да се праша Министерството за енергетика.

– На неколку пумпи е забележано, зашто од главните складишта не биле испорачана нафта или бензин до пумпите. Но, тоа е во рамки на организацијата на самите компании, кажаа сите вчера дека нема никаков проблем и дека ова може да се случи во кои било услови и дека им требаат неколку часа за транспорт на нафтата од складиштето до пумпата. Во однос на кризна состојба, повторно ќе кажам,  не можам да се согласам дека можеме да предвидиме, денеска цените се стабилни и имаше намалување за еден долар во однос на вчера- потенцира Димитриеска-Кочоска. 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation