Background

Неколку јавни личности се жртви на масовно прислушување телефони и други нелегални дејствија од страна на Дејли Мејл!

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Започна најновата судска битка на принцот Хари во Високиот суд во Лондон, каде тој и уште шест големи јавни личности, меѓу кои Елтон Џон и Сејди Фрост, ја тужат британската медиумска група Associated Newspapers (издавач на Daily Mail и Mail on Sunday) за „незаконско собирање приватни податоци“ и други злоупотреби од 1993 година па наваму.

- Advertisement -
Ad image

Судскиот процес, кој се очекува да трае до девет недели, е дел од долготрајната кампања на Хари против влијанието на таблоидите.

Оваа правна битка е продолжение на неговите претходни тужби против таблоиди — од кои едно од најзначајните беше случајот со Mirror Group Newspapers во 2023 година.

За време на тоа сведочење, Хари откри сериозни лични искуства со таблоидите. Според објавените изјави од неговата подготовена писмена изјава, тој зборуваше за влијанието што таблоидните статии го имале врз неговото ментално здравје, особено во младоста.

Во таа изјава тој, исто така, се осврна на начинот на кој таблоидите ги користеле навидум „шокантните“ наслови за да ја поттикнат продажбата на весниците.

Во актуелното судење против Daily Mail, принцот Хари и неговите ко-тужители тврдат дека оваа медиумска група користела тактики како поставување приватни истражители, незаконско прислушкување, прислушување на гласовни пошти и други нелегални методи за собирање информации за јавни личности — што компанијата категорично ги негира.

Британското кралско семејство и други тужители го обвинија издавачот „Associated Newspapers“ за нелегално однесување од 1993 до 2011 година, па и натаму, во еден од најпрофилираните граѓански случаи во Велика Британија последните години.
Издавачот ги нарекува обвинувањата дел од координиран заговор против печатот.

Во текот на девет недели, правниот тим што ги застапува Хари, Елтон Џон и други тужители, вклучувајќи го сопругот на Џон, Дејвид Фурниш, актерките Лиз Харли и Сејди Фрост, активистката против расизмот Дорин Лоренс и поранешниот пратеник Сајмон Хјуз, ќе тврдат на суд дека материјалот за нив е добиен нелегално од приватни истражители ангажирани од Меил.

– Нема сомнение дека и новинарите и раководителите на „Мејл“ биле вклучени или биле соучесници во незаконското собирање информации што ги уништило животите на безброј луѓе – тврдеше нивниот адвокат Дејвид Шерборн во документите објавени на почетокот на судењето во Високиот суд во Лондон.

Хари кој претходно ги обвини новинарите за смртта на неговата мајка во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, додека нејзиниот автомобил бил следен од папараци, седел зад своите адвокати со Фрост и Хјуз на суд.

Во изјавата вклучена во поднесоците, Хари, чиј случај се базира на 14 објавени статии во весници, тврди дека акцијата била „застрашувачка“ за неговите најблиски и дека ставила „огромен притисок“ врз нивните лични односи.

Во својата изјава Хари напиша: „Вознемирувачки е да се чувствува како секој мој потег, мисла или чувство да се следи и контролира само за да може Daily Mail да заработи пари од тоа“.

За Хари, ова е најновата фаза во неговата правна битка против британските таблоиди, откако изјави дека сака да ја постигне својата мисија со чистење на медиумите и повикување на одговорност на одговорните на високи позиции.

Тој веќе успешно ја тужеше „Mirror Groups Newspapers“ (MGN). Во 2023 година, Високиот суд на Велика Британија пресуди во корист на Хари, велејќи дека тој бил жртва на „обемно“ прислушување на телефони. Судот пресуди дека MGN требало да му исплати на војводата од Сасекс околу 180.000 долари отштета.

Во јануари 2025 година, Хари извојува уште една победа над британската новинска група на Руперт Мердок откако издавачот се спогоди со неговиот адвокат во врска со тужбата, признавајќи првпат дека е одговорен за нелегалните дејствија на неговиот таблоид The ​​Sun и ветувајќи му да му исплати значителна отштета.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation