Background

Некои работи се сменети во Белата куќа

Белата куќа го врати познатото црвено копче во Овалната соба за претседателот Доналд Трамп лесно да нарача диетална Кока-Кола.

Црвеното копче за Кока-Кола, што Трамп го користеше за време на неговиот прв мандат, повторно беше забележано на неговото биро откако во понеделникот положи заклетва како 47-ми претседател на САД, објави весникот „Волстрит џурнал“.

Позната е неговата наклонетост да пие диетална Кока-Кола. Тој многупати изјави дека не пие алкохол поради тоа што неговиот брат Фред починал од компликации поврзани со алкохолизмот во раните 1980-ти.

- Advertisement -
Ad image

„Волстрит журнал“, исто така, во понеделникот забележа дека портретот на Џорџ Вашингтон сега виси над каминот во Овалната соба, а во неа се сместени и портретите на Александар Хамилтон, првиот министер за финансии на САД и Томас Џеферсон, третиот претседател.

Кога положи заклетва како претседател во 2021 година, Бајден нареди да се отстрани бистата на Винстон Черчил од Овалната соба, поставена во време на претходниот мандат на Трамп. Таа биста беше вратена во понеделникот и забележана на истото место каде што била пред 4 години, на масата покрај каминот.

Како и во првиот мандат, Трамп повторно го има портретот на седмиот претседател Ендрју Џексон во Овалната соба. Трамп се поистоветува со Џексон, кого популистичкото движење против естаблишментот го донесе во Белата куќа и покрај критичарите од тоа време.

Трамп го задржа и портретот на Бенџамин Френклин, кого демократот Бајден го постави во собата за да го симболизира фокусот на науката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation