Топ Вести - Слушај сега
Националниот парк „Шар Планина“ предупредува дека во моментов на планината владее висока опасност од лавини, особено на терени над 1.700 метри надморска височина, каде што снежната покривка е нестабилна и ризикот е сериозен.
Од паркот информираат дека опасноста е резултат на комбинација од временските услови во изминатите денови – температурни промени, силен ветер и нови снежни врнежи, кои заедно со стрмниот планински рељеф создаваат услови за ненадејно активирање на лавини.
Предупредувањето доаѓа откако беше пријавена лавина на подрачјето на паркот од операторот за слободно скијање со ратраци „Ескимо спорт“. По добиената дојава, екипи на Националниот парк излегоа на терен и извршија увид на локацијата. Претходно, операторот направил пребарување со лавински уреди, при што било утврдено дека нема затрупани лица, а досега не се пријавени исчезнати лица. За среќа, инцидентот поминал без човечки жртви.
Паралелно со увидот, била спроведена и експертска анализа на стабилноста на снежната покривка од стручен тим специјализиран за безбедност во планинскиот туризам. Според проценката, лавинската опасност е оценета како степен 4 – висок ризик, според европската скала за лавинска опасност, каде што 5 е највисоко, а 1 најниско ниво на ризик.
Од Националниот парк апелираат посетителите да бидат исклучително внимателни, да избегнуваат движење низ потенцијални лавински зони и да не се упатуваат во повисоките делови на планината без придружба на стручно обучени и искусни водичи. Посетителите се повикуваат и навремено да ја пријават својата посета преку официјалната веб-страница на паркот.
Стручните служби на Националниот парк „Шар Планина“, во соработка со туристичките оператори и лавинските експерти, најавуваат дека состојбата на теренот ќе се следи постојано, а јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени.
Од паркот потсетуваат дека иако Шар Планина нуди спектакуларни зимски пејзажи, движењето во вакви услови бара високо ниво на одговорност и информираност, бидејќи лавините се појава која тешко се предвидува и може да има сериозни последици.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
