Топ Вести - Слушај сега
НАТО потврди дека пресретна уште една ракета насочена кон Турција. Претходно, турското Министерство за одбрана објави дека балистичка ракета лансирана од Иран е соборена во турскиот воздушен простор.
Во соопштението се наведува дека ракетата е уништена од системите за воздушна одбрана на НАТО распоредени во Источен Медитеран и дека делови од ракетата паднале во југоисточна Турција.
„НАТО повторно пресретна ракета што се упатуваше кон Турција. НАТО цврсто стои во својата подготвеност да ги брани сите сојузници од каква било закана“, објави на Икс портпаролката на НАТО, Алисон Харт, без да наведе дали проектилот е соборена во турскиот воздушен простор.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара испратила предупредување до Иран откако балистичка ракета влегла во турскиот воздушен простор, по што била пресретната од системите за противвоздушна одбрана на НАТО.
Ердоган зборуваше по седницата на турската влада во Анкара, осврнувајќи се на војната меѓу САД и Израел против Иран.
Според него, турските власти испратиле јасна порака до Техеран откако денеска била соборена втора балистичка ракета која влегла во турскиот воздушен простор.
Тој оцени дека Иран продолжува да презема погрешни и провокативни чекори.
– Ниту еден чекор не смее да ја фрли сенка врз нашите илјадагодишни соседски и братски односи со Иран – изјави Ердоган.
Турскиот претседател најави и дополнителни мерки за зајакнување на безбедноста, откако Турција во понеделник распореди 6 борбени авиони Ф-16 во северниот дел на Кипар.
Северен Кипар е самопрогласена држава формирана во 1983 година, која ја признава единствено Турција, додека остатокот од меѓународната заедница островот го признава како Република Кипар. објави Скопје1.мк
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
