Background

Наскоро ќе започне изградбата на северниот интерконектор со Србија

Гасоводот кон Грција е отпочнат да се гради, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека затекнале проект којшто 7 години не бил поместен од место.

– Како Влада затекнавме еден проект којшто седум години не беше поместен од место и кога беше извршена некаква евалуација тогаш заемодавателите одлучија да го прекинат поради тоа што претходната влада на СДСМ и ДУИ креирала спецификација таква каква што не одговара на критериумите коишто ги даваат заемодавателите. На брза лента го ставивме тој проект, го корегиравме со новото раководство на „Нома гас”, тендерската документација се доврши, се потпиша договор со фирма изведувач и во моментот траат градежните активности. Се надевам многу скоро од денес сите заедно ќе појдеме на лице место и да се радуваме на уште еден проект којшто е многу значаен за сите нас. Бидејќи прво е двосмерен, не е едносмерен како цевководот којшто доаѓа од Бугарија, во Жидилово – Крива Паланка, овој е двосмерен. И доколку, а се надевам многу скоро ќе отпочне градбата на северниот интерконектор со Србија, тогаш како држава сме на мапата на транзит на гас и многу значајна за транзит на гас од југот, односно од терминалот Александрополи или пак од другите земји извонзички на гас, Азербеџан, Катар итн. кон централна Европа. И ние како држава добиваме на исклучително гео-стратешко значење. Тоа е една од моите лични цели коишто во овој мандат, во овие четири години очекувам да ја завршиме – дециден е Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation