Во населеното место Воска кај Охридското Езеро се случил сериозен инцидент помеѓу ловочувар и лице кое се обидувало да врши нелегален риболов на охридска пастрмка
Според достапните информации, инцидентот се случил кога инспектор по рибарство забележал нелегално ловење риба од Охридското Езеро во реонот на Воска. Инспекторот веднаш ја контактирал рибочуварската служба на концесионерот “Питон”, кој има концесија за овој ревир.
Кога ловочуварот-рибар вработен кај концесионерот “Питон” се обидел да го застане рибокрадецот Пател Муртеза, кој вршел нелегален лов на пастрмка, ситуацијата ескалирала во насилство.
Според изворите, Муртеза го напаѓа ловочуварот Игор Гавриловски на следниот начин:

Ловочуварот Игор Гавриловски, осетувајќи дека неговиот живот е во опасност, се самоодбранил и успеал да го неутрализира напајѓачот Муртеза Пател.
На располагање се фотографии кои ги покажуваат повредите на ловочуварот – видливи се уадар со тап предмет на носот, како и подолги резни рани по рацете и стомакот, што го потврдува описот на настанот дека Муртеза користел остар предмет – нож во нападот.
На местото на настанот, инспекторот по рибарство пронашол рибарски алат – сини мрежи за ловење риба со кои Муртеза се обидувал да врши нелегален лов на охридска пастрмка.
Овој инцидент се случил во период кога во социјалните мрежи кружат различни фотографии и статуси во врска со настанот, при што се јавуваат обиди напајѓачот да се претстави како жртва.
Охридската пастрмка е заштитен вид и нејзиното ловење е строго регулирано со закон. Концесионерите како “Питон” имаат обврска да ги чуваат своите ревири од нелегален риболов.
С.Д.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖