Background

Народна банка ја намали основната каматна стапка на износ од 5,35%

 Народната банка ја намали основната каматна стапка за 0,2 процентни поени на нивото од 5,35%. Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се непроменети. 

„Ваквата промена во монетарната поставеност е одраз на поволните трендови кај инфлацијата и девизни резерви, а при и понатаму присутни и понагласени ризици поврзани со надворешното окружување. Покрај ова, има и ризици од домашните фактори коишто влијаат врз агрегатната побарувачка“, се наведува во соопштението од Централната банка..

Банката очекува дека нивото на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за ценовна стабилност на среден рок и за стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.

- Advertisement -
Ad image

Според НБ, инфлацијата се движи во рамките на очекувањата, девизниот пазар е стабилен, а податоците за последниот квартал лани покажуваат економски раст.

„Општо земено, последните остварувања кај клучните макроекономски показатели, како и согледувањата во однос на нивната идна патека, создадоа можност за натамошно внимателно нормализирање на монетарната политика. Ризиците од надворешното окружување и понатаму постојат и се понагласени, а будно се следат и ризиците од домашните фактори коишто можат да влијаат врз побарувачката и врз цените во следниот период. Оттука, водењето внимателни макроекономски политики ќе биде приоритет и во иднина. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и ценовната стабилност на среден рок3м се наведува во соопштението од Народна банка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation