Најмалку една балистичка ракета беше лансирана од Иран кон Израел, со што Техеран го прекрши примирјето, објавија израелските медиуми. Ракетата веројатно била пресретната, а нема извештаи за удари или евентуални повредени, објави „Тајмс оф Израел“.
Претходно, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека детектирале ново лансирање балистичка ракета од Иран, еден час откако Израел потврди дека се согласува со примирје.
Сирени се огласија во северен Израел.
Израелскиот министер за одбрана изјави дека ѝ наредил на војската „силно да одговори на кршењето на прекинот на огнот од страна на Иран со интензивни напади врз цели на режимот во срцето на Техеран“, јавува СкајЊуз.
Иранската новинска агенција ИСНА соопшти дека извештаите дека Иран испукал ракети кон Израел откако стапи на сила прекинот на огнот се лажни.