Background

Напнат почеток на судењето за убиството на турски државјанин во Штип

Судењето за убиството на 25-годишниот турски државјанин денеска во Штип започна во напната атмосфера, откако мајката на еден од обвинетите физички нападна полициска службеничка веднаш пред почетокот на рочиштето. Жената, стара 52 години, беше приведена, а против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок по документирањето на настанот.
Инцидентот се случил во судската зграда каде процесот се води под засилено полициско присуство. Судењето го следат и роднините на убиениот, кои допатуваа од Турција и беа сместени во поголемата сала поради големиот интерес од јавноста.
Процесот вчера и официјално почна со воведни излагања на странките. За убиството се обвинети пет лица – едно за директно извршување на делото, а останатите за помагање пред и по убиството. Според обвинението, на 8 мај годинава, главниот обвинет влегол во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, се упатил до тоалет, а потоа се вратил и пукал кон жртвата со нелегално оружје, испукувајќи шест куршуми.
Обвинителството тврди дека дел од другите обвинети му обезбедиле логистичка поддршка – од сместување, до транспорт и прибавување на оружје. По нападот, наводно му помогнале и при бегството. Еден обвинет, пак, се товари дека му помагал по извршувањето на делото.
Одбраната, пак, бара преиначување на делото во „убиство на миг“, тврдејќи дека нема докази за претходна намера и дека обвинителството погрешно ги квалификувало улогите на сите инволвирани. Адвокатите истакнуваат и дека во постапката имало пропусти кои треба да се земат предвид.
Случајот привлече значително внимание во јавноста, а денешниот напад дополнително ја засили драматиката околу процесот. Полицијата најави дека ќе се засилат мерките за обезбедување на следните рочишта.
Продолжението на судењето е закажано за 19 декември, кога се очекува судот да започне со изведување на материјалните докази и сослушување на сведоци.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation