Околу полноќ додека во живо „течеше“ поткастот Тешки муабети со Александар Митовски, Милош Милошевски и Стевче Јакимовски и штотуку најавија дека преминуваат на актуената тема со мигрантите главниот уредник Митовски побара да ја прекинат емисијата оти некој тропа на вратата на студиото.Александар (Мечка) и Милош (Мичо) на почетокот на емисијата кажаа дека вообичаено пред студиото и куќата на Митовски во која е и студиото постојано има како што тврдат лица кои ги следат, а претходната вечер кога завршиле околу 1.15 по полноќ пред студиото имало две лица во возило „ауди“ кои ги сликале, а кога отишле да ги прашаат што бараат тие без одговор заминале.
Лице за кое тие тврдат дека е „партиска будала“ ја скрши вратата на студиото, а тие веднаш ја прекинаа емисијата и кажаа дека едно лице од нападот успеале да го задржат и повикале полиција, вели Митовски.
На фејсбук се огласи сопственикот и главен уредник на популарниот поткаст Александар Митовски и напиша „Партиска будала само што насилно влезе во редакцијата на Инфомакс и во мојот дом. Се е снимено, и нападот и упадот и насилството. Дечките од полиција брзо реагираа. За се останато, ќе ја тераме до крај. Продолжуваме со емисијата по полициските процедури“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
