Background

Највисоки претставници на државниот врв и на политичкиот живот во земјава им го честитаа големиот христијански празник Богојавление Водици на православните верници

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Највисоки претставници на државниот врв и на политичкиот живот во земјава им го честитаа големиот христијански празник Богојавление Водици на православните верници.

- Advertisement -
Ad image

Покрај претседателот на државата Гордана Сиљановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски, соопштенија и објави по повод водици објавија и претседателот на Собранието Африм Гаши, бројни министри во владата, како и лидерот на СДСМ Венко Филипче.

„Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, Ви упатувам честитки по повод празникот Водици. Овој празник ја носи пораката на духовно прочистување и надеж, потсетувајќи нѐ на значењето на заедништвото и посветеноста во градењето на напредна и праведна држава. На православните верници им посакувам овој ден да донесе внатрешен мир, а во нивните домови да владеат здравјето, благосостојбата и спокојот“ – се вели во соопштението од претсдателот на Собранието Африм Гаши.

Министер за јавна администрација Горан Минчев
 го честита празникот во свое име и од име на Министерството за јавна администрација.

„Нека овој празник донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови и биде поттик за заедништво, солидарност и меѓусебно почитување. Во духот на празникот, со заедничка посветеност, да продолжиме да придонесуваме кон унапредување на јавната администрација, во интерес на сите граѓани“ – напиша министерот Минчев.

Лидерот на опозициската партија СДСМ Венко Филипче, кој денеска беше во Охрид, го честиташе големиот христијански празник Богојавление – Водици.

– Го честитам големиот празник Богојавление, Бог се роди, во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На момчето коешто и годинава исто како и лани го фати крстот, му посакувам многу успех и среќа оваа година. Тоа што скокна во ладните води на Охридското езеро е доказ за една голема храброст, голема умствена и телесна сила – изјави Филипче во Охрид.

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Охрид го честиташе големиот христијански празник Богојавление-Водици, посакувајќи здравје, среќа и благосостојба на сите верници и на првиот кој дојде до Светиот крст во осветените води на Охридското рзеро.

– Драго ми е што имаме еден прекрасен ден, мислам дека имаше преку 20.000 луѓе кои се појавија на градското пристаниште, многу туристи, многу странци. Да му честитам и на оној кој што го фати крстот, да посакам добро здравје, среќа, да го пратат во текот на годината и за убави работи да се гледаме – порача во празничната изјава вицепремиерот Николоски.

И градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски им го честита правникот Богојавление на православните верници.

„Овој празник за мене има и посебна лична тежина, бидејќи денес го одбележувам и мојот именден, што го прави чувството уште посилно и поблагодарно.

Масовноста, сплотеноста и заедништвото на мојот народ, кои денес јасно ги сведочиме, се силен доказ дека нашата вера, традиција и духовни вредности живеат и се пренесуваат од поколение на поколение, како темел на нашиот идентитет и опстојување“ – напиша Ѓорѓиевски во објава на својот профил на Фејсбук.

Тој му честита и на Дарко Митровиќ, кој го извади Светиот Крст од осветените води на реката Вардар и му посака добро здравје, среќа и радост, за него и за неговото семејство.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation