Индустриското производство минатата година, во однос на 2023 година, е намалено за 3,6 %. Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од претходната година, индустриското производство бележи пад од 1,4 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 10%, во секторот „преработувачка индустрија“ бележи опаѓање од 1,1 %, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ пораст од 5,7 %.
Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хартија и производи од хартија, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи опаѓање кај „капитални производи“ за 20,1 %, додека пораст бележи кај „енергија“ за 2,4 %, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 3,7 %, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 14,7 % и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 4,9 %.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
