Најуспешниот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ се обидува да помогне повторно да се отвори монденското летувалишта на Јадранот Свети Стефан, кој е затворен од 2021 година

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Најуспешниот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ се обидува да помогне повторно да се отвори монденското летувалишта на Јадранот Свети Стефан, кој е затворен од 2021 година, објави црногорски „Вијести“.

Тенисерот кој е глобален амбасадор на компанијата „Аман“ која е закупец на градот- хотел Свети Стефан, изјави дека се труди да работи за „општиот интерес“ на Црна Гора и дека се надева дека е „на повидок“ решение за проблемот.

-Добив еден вид задача и барање од моите партнери, „Аман“, чиј амбасадор сум на глобално ниво, да се обидам да постигнам решение прифатливо за двете страни. Јас овде не сум на ничија страна, всушност сум само некој што се обидува да работи за општиот интерес на Црна Гора – рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ рече дека е тажно што ситуацијата со Свети Стефан била таква каква што е веќе четири години.

Компанијата на грчкиот бизнисмен Петрос Статис „Адриатик пропертис“, која е закупец на Свети Стефан, од 2021 година ги затвори Свети Стефан и вилата „Милочер“, а од почетокот на арбитражната постапка ја запре и изградбата на новиот хотел „Краљичина плажа“.

Без договор за тоа како ќе функционира плажата  и патеката меѓу неа и спа центарот во паркот Милочер, хотелскиот оператор „Аман“ не сака да го отвори  Свети Стефан, бидејќи тие наводно не можат да ја гарантираат безбедноста и приватноста на гостите.

Токму користењето на плажата, која со децении беше затворена за јавноста и резервирана исклучиво за гостите на хотелот, како и за политичката елита, доведе до затворање на Свети Стефан.

Свети Стефан беше затворен во 2021 година, откако локалното население ја проби оградата на „Краљичина плажата“, а Јавното претпријатие за управување со крајбрежните зони нареди нејзино отстранување, ослободувајќи ги за употреба патеките во паркот Милочер.

Ова доведе до покренување на спор пред Меѓународниот арбитражен суд во Лондон. Во ноември 2022 година први поднесоа тужба „Свети Стефан Хотелс“ и ХТП „Милочер“ и тогашното Министерство за економски развој, обвинувајќи ги закупците „Адриатик пропертис“ ДОО Будва и „Ејдвеј инвестментс лимитед“ од Британските Девствени Острови, како и „Аман ресортс“ за прекршување на договорот. Потоа и тужената страна покренаа тужба со барање отштета од 100 милиони евра.

- Advertisement -
Ad image

Главната расправа е закажана за мај.

Share This Article