Background

Најскапиот стан во Белград е платен 2,6 милиони евра

Највисоки цени на становите во Србија во четвртиот квартал лани се регистрирани во Белград, каде што најскапиот продаден стан имал цена од 11.668 евра за квадратен метар на локацијата Белград на вода. Највисока сума е платена за стан со вкупна површина од 342 квадратни метри, 2,6 милиони евра на истата локација, соопшти Републичкиот геодетски завод.

Најскапата куќа е продадена во белградската општина Савски венац за 3,4 милиони евра, а најскапиот гаражен простор е платен за 64.000 евра на територијата на таа општина на локацијата Белград на вода.

Вкупниот промет на пазарот на недвижности во Србија во четвртиот квартал од 2024 година изнесувал 2,2 милијарди евра, што е изедначување на рекордот од 2022 година.
Потпишани се 34.834 договори за продажба, со што е достигнато највисокото квартално ниво во изминатите две години.

- Advertisement -
Ad image

Најголемо учество во вкупниот промет на недвижности има продажбата на станови (1,3 милијарди евра), со учество од 57 проценти.

За куќи се дадени 167,9 милиони евра (8 проценти од вкупната вредност), 163 милиони евра (7 проценти) за градежно земјиште, 108 милиони евра (5 проценти) за деловен простор и 73,4 милиони евра (3 проценти) за земјоделско земјиште.

Купувањето на 11 проценти од недвижнините е финансирано со кредити, што е зголемување од 4 процентни поени во споредба со истиот период од претходната година.

Во четвртиот квартал од 2024 година, бројот на договори за продажба се зголеми во споредба со истиот период минатата година во Ниш (43,6 проценти), Нови Сад (24,9 проценти), Крагуевац (20,1 процент) и Белград (15,5 проценти).

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation