Background

Најсериозна е состојбата со огнот во Прилеп, Крушево и во Малешевијата

Според најновите податоци на Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска до 13:00 часот во Македонија се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, пет се ставени под контрола, а четири се целосно изгаснати.

Најопасна е ситуацијата кај селото Нивичино, кое се протега низ територијата на општините Василево, Радовиш и Берово. Пожарот таму зафатил делови од планините Голем Готен и Малешевските планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и сува вегетација.

Во Прилеп, огнот избувнал кај селото Бешиште, на локацијата позната како Бешишки Рид, и се проширил кон селото Градешница во Новаци, како и до границата со Грција, зафаќајќи мешана шума. Иако дел од пожарот е под контрола, неколку крака сè уште се активни.

- Advertisement -
Ad image

Огнени јазици се шират и во регионот помеѓу Прилеп и Кавадарци, каде пожарот беснее на релацијата Царевиќ – Смолани – Радобил – Дрен (општина Прилеп), како и во близина на селата Галиште и Трстеник (општина Кавадарци). Се гори мешана шума и ниска вегетација, а теренот е тежок за гаснење.

Уште еден активен пожар е регистриран кај Крушево, каде што градската депонија во атарот на месноста Струнга се запалила, зафаќајќи ѓубре, сува трева и нискостеблеста шума.

Во меѓувреме, пет пожари се ставени под контрола, меѓу кои и оној во Штип, кој се проширил помеѓу селата Драгоево и Селце. Во Карбинци, пак, пожарот што избувна во Јунузлија зафатил шума, додека во Делчево, градската депонија Острец била под пламен.

Во Прилеп, повторно, друг пожар изби на улицата Јоска Јорданоски, а во Куманово, во селото Градиште, пожарот зафатил ниска вегетација. Сите овие интервенции се активно следени и контролирани од надлежните служби.

Од друга страна, четири пожари се целосно изгаснати – два на подрачјето на Македонски Брод, кај селото Грешница и во реонот помеѓу Црешево, Локвица и Крапа, каде горела деградирана дабова шума. Во Македонска Каменица, кај селото Ќосевица, изгасната е борова шума, додека во Струмица, кај селото Просениково, бил изгаснат пожар со трска.

Надлежните апелираат на висока внимателност, особено поради сувото време и ветрот кој дополнително ги разгорува пожарите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation