Најсексипилната актерка ја откажа венчавката

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Веста дека една од најбараните холивудски актерки во моментов, Сиднеј Свини, ја откажала венчавката со бизнисменот Џонатан Давино, одекна низ светот на шоубизнисот. Иако се свршија во 2022 година, се чини дека притисокот на славата и напорниот распоред го земаа данокот, ставајќи ја нивната врска на тест. Но, додека многу медиуми зборуваат за раскинување, извори блиски до парот тврдат дека приказната не е толку едноставна и дека сè уште има надеж за помирување. Според извештаите на странските медиуми како „Дејли мејл“, Сиднеј (27) и Џонатан (41), кои се во врска од 2018 година, требаше да се венчаат оваа пролет, веројатно во мај или најдоцна до крајот на јуни. Меѓутоа, тие планови сега се ставени во мирување. Изворот тврди дека парот минува низ „големи проблеми“, но дека „сè уште има надеж“.

 

„Во моментов работите не се баш најдобро, но тие работат на својата врска и засега ја откажаа венчавката“, рекол изворот, додавајќи дека и самата Сиднеј инсистирала да се откаже поради стресот со кој повеќе не можела да се справи.

„Свадбата нема да се случи и во моментов нема дополнителни дискусии за тоа“, тврди тој. Иако свршувачката е откажана што значи дека венчавката нема да се случи наскоро, парот наводно официјално не ја прекинал врската, оставајќи трошка надеж за романтичарите.

Се чини дека главниот камен на сопнување во врската е вртоглавиот подем на кариерата на младата актерка. Изворите велат дека многу од нивните проблеми произлегуваат од тоа што Сиднеј е исклучително зафатена со работни обврски. Актерката, која светската слава ја стекна со улогата на Кеси Хауард во хит серијата „Еуфорија“, е незапирлива успешна. По големиот хит на бокс офисот „Anyone But You“, Сиднеј има напорен распоред. Таа наскоро ќе ја видиме во улогите во римејкот на култниот научно-фантастичен филм „Барбарела“, биографски филм за боксерката Кристи Мартин, трилерот „The Housemaid“ и филмот „Scandalous!“ за бурната романса на Ким Новак и Семи Дејвис помладиот. Се очекува и таа да се врати во третата сезона на „Еуфорија“.

„Сиднеј нема многу слободно време, што предизвикува тензија во нивната врска. Таа навистина е фокусирана на кариерата, додека Џонатан сака тие да поминуваат повеќе квалитетно време заедно”, објаснува изворот. Очигледно, токму оваа разлика во приоритетите и посакуваното темпо на развој на врската доведоа до несогласување.

Гласините за проблеми дополнително ги подгреа фактот што парот не е виден заедно во јавноста од јануари. Освен тоа, се појавија информации дека Сиднеј се иселилаод нивниот заеднички дом во средината на февруари и извесно време престојувала во луксузен хотел во Беверли Хилс. Последната капка беше потегот на актерката неодамна да ја избрише фотографијата на која се бакнува со Џонатан од нејзиниот инстаграм- профил, која беше дел од новогодишната објава. Иако се работи за потег на социјалните мрежи, во денешно време ваквите сигнали често се толкуваат како потврда за проблеми во врската.

Share This Article