Најмалку две лица загинаа, а неколку други се повредени во сообраќајна несреќа во центарот на Стокхолм денес откако автобус се удри во автобуска станица, соопшти полицијата.
Службата за брза помош соопшти дека несреќата се случила околу 15 часот.
– Имаме неколку тешко повредени лица. Полицијата и спасувачките екипи сѐ уште се на местото на настанот – изјави портпаролот на противпожарната служба Оскар Давила.
Полицијата соопшти дека има „повредени и починати“ лица во инцидентот на улицата Валхалаваген, во близина на Технолошкиот универзитет.
Полицијата ја потврди смртта на најмалку две лица, додека други повредени лица беа згрижени на местото на несреќата, објави јавниот радиодифузен сервис СВТ.
Очевидци изјавија дека многу амбулантни возила, пожарникари и полицајци биле присутни на местото на несреќата. Областа била затворена за сообраќај и неколку автобуски линии биле привремено пренасочени.
Трансдев соопшти дека нивниот автобус бил вклучен во несреќата и потврди дека меѓу повредените има патници, но причината за инцидентот сè уште не е позната.
Полицијата започна истрага за околностите на несреќата, која предизвика голем сообраќаен метеж во центарот на градот.
Според Ројтерс, автобусот удрил во автобуска станица во центарот на Стокхолм, иако точната причина за несреќата сè уште не е позната.
Фото: EPA/HENRIK MONTGOMERY




























