Топ Вести - Слушај сега
Најмалку 80 лица, кои водечката венецуелска организација за човекови права ги смета за политички затвореници, се ослободени денеска од затвори низ целата земја.
Информацијата ја соопшти Алфредо Ромеро, директор на организацијата „Форо Пенал“, кој преку објава на социјалната мрежа Икс најави дека процесот на ослободување сè уште трае.
– Луѓе се пуштаат од затвор во различни делови на земјата и се очекуваат уште ослободувања – напиша Ромеро.
Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, завчера изјави дека вкупно 626 лица биле пуштени од затвор, но не наведе конкретни датуми ниту детали за идентитетот на ослободените.
Од „Форо Пенал“, пак, претходно потврдија дека од 8 јануари досега се ослободени само 156 политички затвореници, што отвора сомнежи околу точноста на официјалните бројки.
Родригез најави дека утре ќе разговара со високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Фолкер Турк, со цел ОН да ги потврди списоците на досега ослободените лица.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
