Background

Најмалку 67 деца се зачнати од ист донор, а 10 од нив имаат рак

Сперма од донатор за кој се покажа дека е носител на ретка мутација поврзана со рак е искористена за зачнување на најмалку 67 деца во осум европски земји, од кои десет досега развиле различни форми на рак, беше објавено на годишната конференција на Европското здружение за хумана генетика во Милано.

Донаторот бил носител на ретка мутација во генот „TP53“, која подоцна била поврзана со синдромот Ли-Фраумени – една од најтешките наследни форми на предиспозиција за рак.

Во времето на донацијата во 2008 година, не беше познато дека мутацијата е канцерогена и не можеше да се открие со стандардно тестирање.

- Advertisement -
Ad image

Откритието се случи кога две семејства, чии деца имале рак, независно контактирале со клиниките за ин витро оплодување.

Подоцнежната анализа покажа дека вкупно 23 деца ја наследиле мутацијата, вклучувајќи случаи на леукемија и Хоџкинова болест.

Доктор Едвиг Каспер од болницата Руан, кој го истражувал случајот, изјавил дека децата со дотичната мутација биле упатени на генетско советување и им биле препорачани редовни превентивни прегледи, вклучително и целосни магнетни резонанси.

Европската банка за сперма потврди дека повеќе од 67 деца се зачнати со употреба на репродуктивен материјал од тој донатор, но не сакаше да го открие точниот број.

Иако банката има ограничување од 75 семејства по донатор, случајот предизвика повици од експерти за меѓународни ограничувања и подобар систем за следење на спермата на донаторите.

– Ова покажува колку е важно што постои европско, ако не и глобално, ограничување по донатор. Не можеме да го секвенционираме целиот геном на секој донатор, но ова ниво на ширење на генетски болести е неприфатливо – рече Каспер.

Експертите предупредуваат дека меѓународната употреба на сперма го отежнува идентификувањето и известувањето на семејствата, што дополнително го комплицира одговорот во вакви случаи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation