Глетката на местото на несреќата била стравична – на сите страни изгорени тела на млади луѓе.
До пожарот најверојатно дошло поради употреба на пиротехнички средства.
Во болницата во Кочани се примени десетици повредени лица.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е во Кочани, а премиерот Христијан Мицкоски е на пат кон местото на трагедијата.
Наскоро се очекуваат првите официјални информации од местото на несреќата.



