Најмалку три лица загинаа, а 94 се повредени денес во западен Египет кога патнички воз излета од шините, соопштија властите.
Ова е најновата во низата железнички несреќи во земјата во последните години.
Возот излета од шините додека патуваше кон Каиро од западната медитеранска покраина Матрух, на северниот брег на земјата, соопштија властите. Седум вагони излетаа од шините, од кои два се превртеа.
Министерството за здравство го објави бројот на жртви во посебно соопштение, додавајќи дека 30 амбулантни возила се испратени за да ги пренесат повредените во болниците.
Железничките власти соопштија дека е отворена истрага за да се утврди причината за несреќата.