Најмалку 197 деца ширум Европа се родиле од сперма на дански донор кој, без да знае, носел опасна мутација на генот TP53 — ген што е клучен за спречување на ракот, пишува Би-Би-Си.
Истражувањето на четиринаесет јавни сервиси во рамките на Европската радиодифузна унија ја открило оваа тивка трагедија, покажувајќи како една човечка клетка со генетска грешка можела да остави трага низ четиринаесет земји и речиси две стотини семејства.
Мутацијата предизвикува Li-Fraumeni синдром, редок наследен облик на рак што носи до 90% ризик од појава на малигни болести во текот на животот. Некои од децата веќе заболеле, а неколку починале. Донорот, студент кога започнал со донации во 2005 година, останал здрав бидејќи мутацијата не е присутна во сите негови клетки, но до 20% од неговите сперматозоиди ја носеле грешката во ДНК.
Спермата била продадена преку European Sperm Bank во Данска и користена во 67 клиники низ континентот. Банката признала дека „во некои земји бројот на деца родени од истиот донор ја надминал дозволената граница“ и дека донорот е „веднаш блокиран“ по откритието.
Во Белгија, на пример, едно лице може да стане родител на максимум 6 семејства, но овој донор бил користен за 38 жени, кои родиле 53 деца.
Мајка од Франција, чија ќерка го наследила генот, изјавила дека „не чувствува омраза кон донорот“, но дека „неприфатливо е да се даде сперма што не била безбедна“.
Иако Велика Британија има ограничување од 10 семејства по донор, не постои меѓународен закон што би спречил продажба на истата сперма во различни земји. Половина од сперматозоидите во британските клиники се увезени.
Професорот Алан Пејси од Универзитетот во Манчестер предупредил:
– Не може да се тестира за сè. Ако критериумите станат построги, едноставно нема да имаме донори.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
