Background

Најголем пад има во текстилната индустрија

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Индустриското производство во ноември 2025 година е намалено за 2,8 % во однос на ноември 2024 година, соопшти државниот завод за статистика.

- Advertisement -
Ad image

Според статистика, опаѓање на индустриското производство во ноември споредено со ноември 2024 година  има во трите главни сектори. Во рударството производството е намалено за 4,7%, во преработувачка индустрија за 2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање за 8,6%.

Намалување на производството има во 10 производни оддели од преработувачка индустрија, а најголемо влијание врз падот на индустриското производство имаат одделите: производство на облека со 16,4%, производство на електрична опрема со 4% и одделот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 8,6%.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 8,5 %, Капитални производи за 2,1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 18,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,7%, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,7 %.

Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, е зголемено за 1,9%.

1. Индекси на индустриското производствоноември 2025 (2024=100)
XI 2025
XI 2024
I-XI 2025
I-XI 2024
XI 2025
Ø 2024
XI 2025
Ø 2021
Вкупно 97.2 101.9 104.6 101.2
АЕ Енергија 91.5 93.7 101.4 97.4
АИ Интермедијарни производи, освен енергија 107.7 112.2 118.7 102.9
ББ Капитални производи 97.9 97.5 98.3 112.7
ЦД Трајни производи за широка потрошувачка 81.4 95.8 94.3 109.1
ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка 91.3 98.4 98.6 95.1
Б Рударство и вадење на камен 95.3 100.0 97.2 90.0
      05 Вадење на јаглен и лигнит 98.7 102.3 94.7 66.2
      07 Вадење на руди на метал 88.9 94.2 87.3 85.8
      08 Вадење на други руди и камен 103.1 107.5 112.5 103.0
В Преработувачка индустрија 98.0 102.8 105.5 102.8
      10 Производство на прехранбени производи 103.7 100.8 114.4 107.0
      11 Производство на пијалаци 80.9 97.1 92.6 94.6
      12 Производство на тутунски производи 269.2 153.3 132.0 51.8
      13 Производство на текстил 89.5 96.0 98.5 107.1
      14 Производство на облека 83.6 98.1 89.5 68.1
      15 Производство на кожа и слични производи од кожа 127.6 120.7 133.4 91.3
      16 Преработка на дрво и производи од
дрво и плута, освен мебел, производство
на предмети од слама и плетарски
материјал
141.4 119.4 164.9 178.4
      17 Производство на хартија и производи од
хартија
100.9 99.3 103.1 87.5
      18 Печатење и продукција на снимени
медиуми (записи)
106.4 104.4 93.6 91.2
      20 Производство на хемикалии и хемиски
производи
91.1 101.6 92.8 90.2
      21 Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати
75.8 95.6 90.9 130.1
      22 Производство на производи од гума и
производи од пластични маси
194.0 181.8 217.5 188.5
      23 Производство на други неметални
минерални производи
115.7 113.5 119.1 122.4
      24 Производство на метали 84.6 92.2 93.7 59.2
      25 Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема
73.3 73.6 74.1 48.4
      26 Производство на компјутерски,
електронски и оптички производи
95.3 97.7 106.9 69.0
      27 Производство на електрична опрема 96.0 110.3 114.2 121.4
      28 Производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место
90.9 90.3 86.9 94.8
      29 Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки
100.3 103.6 105.2 126.1
      30 Производство на останата опрема за
транспорт
85.8 103.0 118.4 137.8
      31 Производство на мебел 84.9 106.1 110.8 120.6
      32 Останата производствена индустрија 33.1 47.8 25.0 35.1
      33 Поправка и инсталирање на машини и опрема 84.6 84.4 85.3 176.9
Г Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
91.4 92.6 102.2 103.5
      35 Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
91.4 92.6 102.2 103.5

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation