Background

Најголем дел од судиите и обвинителите се чесни, 5% се партиски измеќари

Партиски луѓе не треба да има во судството, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со интерпелација на членови на Судскиот совет и барањето  оставка од државниот обвинител, Љупчо Коцевски.

– Последниот браник и цврст штит на поранешната влада на СДСМ и ДУИ се дел од судиите и дел од обвинителите, меѓу кои е именуваното лице за коешто вие сега зборувате. Најголемиот дел, би рекол 95% од обвинителите и од судиите се луѓе коишто чесно си ја работат својата работа, коишто обвинуваат и судат според законите и Уставот. Но, за жал, има и такви коишто останаа да бидат партиски измеќари. Кога ќе ја облечат тогата наместо да заборават на партиските привилегии, тие сè уште се верни слуги на истите коишто на времето, ете, бидејќи такви се законите и процедурите, ги предложиле да бидат таму каде што се – одговори Мицкоски.

Премиерот го потенцираше однесувањето на еден обвинител, кого не го именуваше.

- Advertisement -
Ad image

– Посебно би го потенцирал однесувањето на еден обвинител од пред неколку дена, којшто, наместо да биде обвинител и заштитник на владеењето на правото и правдата, одлучи да биде верен слуга и измеќар на една партија што беше долги години на власт и дел од коалицијата во поранешната влада – рече Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation