Најмалку 50 лица се мртви во пожар кој во раните утрински часови го зафатил петкатниот трговски центар „Hyper Mall“ во Кут во Ирак, јави Би-Би-Си. Снимките на социјалните мрежи покажуваат пламени јазици кои ги опфатиле неколку катови на објектот.
– Бројот на жртви достигна околу 50 лица, има и и повредени во оваа трагична неизвесна катастрофа – истакна регионалниот гувернер на Кут, Мохамед ал‑Мијахи за државната агенција ИНА.
Трговскиот центар „Hyper Mall“ бил отворен пред само пет дена. Во раните утрински часови, амбулантите сè уште пренесувале повредени и мртви лица во болниците во Кут, кој се наоѓа 160 км југоисточно од Багдад.
– Сè уште пребаруваме исчезнати и носиме тела што не се идентификувани – изјавил претставник на здравствените власти од градот.
Насир ал-Кураиши, доктор на околу 50-тина години, за АФП изјави дека во пожарот изгубил пет члена на семејството.
– Нè снајде катастрофа. Отидовме во трговскиот центар за да јадеме, да вечераме и да избегаме од прекините на струјата дома. Клима уред експлодираше на вториот кат, а потоа избувна пожарот и не можевме да избегаме.
Гувернерот ал-Мијахи објави тридневно жалост во провинцијата и најави пријави против сопственикот на трговскиот центар:
– Поднесовме тужби против сопственикот на зградата и на мол‑центарот – појасни гувернерот.
Прелиминарните наоди од истрагата се очекуваат за 48 часа.