Над 200 жители прегледани, дел со сериозни симптоми

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на населението во Трубарево, со цел навремено откривање на евентуални симптоми на респираторни заболувања по големиот пожар што ја потресе оваа скопска населба.

– Само во текот на вчерашниот ден беа прегледани над 100 лица на двата пункта во Трубарево, од кои осум беа упатени на Клиниката за пулмологија поради хронични заболувања за кои подолго време не направиле контролни прегледи. Вкупно во два дена над 200 пациенти беа прегледани, а акцијата беше одлично прифатена од локалното население. Во следниот период продолжуваме да ја следиме состојбата во соработка со сите надлежни институции – изјави министерот за здравство Фатмир Алиу.

Според информациите од тимовите на Клиниката, кај дел од пациентите биле забележани симптоми како отежнато дишење, сува кашлица и стегање во градите, а кај други биле откриени и покачен крвен притисок.

Д-р Сеад Зејнел од Клиниката за пулмологија објасни дека најголем дел од упатените пациенти веќе имале хронични заболувања, кои се влошиле поради загадувањето.

– Станува збор за пациенти со астма или ХОББ, дел од нив се пушачи и не ги земале редовно претходно пропишаните лекови. Токму затоа ги упативме на Клиниката за да се направи ревизија на терапијата и дополнителни испитувања – нагласи д-р Зејнел.

Тој додаде дека кај голем број жители се јавиле симптоми како печење на носот, очите и грлото, како и помалку стегање во градите, кои, според него, најчесто се надминуваат со општи препораки.

Скринингот се спроведе на два пункта во населбата, каде што тимовите вршеа клинички прегледи, мерење на пулс, сатурација и процена на виталниот капацитет. Министерството за здравство апелира сите службени лица – пожарникари, полицајци и припадници на ДСЗ – кои учествуваа во гаснењето на пожарот, доколку имаат здравствени проблеми, директно да се обратат на Клиниката.

Жителите на Трубарево велат дека и по неколку дена воздухот е неподнослив.

– Миризбата е ужасна, не може да се дише навечер, а најмногу страдаат децата. Секојдневно сме во страв за здравјето – изјави жителка на Трубарево.

- Advertisement -
Ad image

Еден постар жител пак додаде: „Јас цел живот сум живеел овде, ама вакво нешто не паметам. Сите се жалиме на печење во очите и грлото, ама кој ќе не заштити ако пак се случи пожар?“

Share This Article