Најмалку 38 лица се убиени, а 204 се повредени во израелските напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство во палестинската енклава, управувано од Хамас.
Бројките не ги вклучуваат жртвите регистрирани во болниците во северна Газа, бидејќи пристапот до областа во моментов е тежок, пренесува ДПА.
Десетици смртни случаи се пријавуваат секојдневно во Појасот Газа, откако израелската војска започна нова голема офанзива пред една недела.
Нападите на Израел и ограничувањето на помошта за Газа предизвикуваат меѓународни критики, вклучително и од блиски израелски сојузници.
Од почетокот на војната во Газа, по нападите врз Израел од 7 октомври 2023 година од страна на Хамас, според палестински извори, убиени се повеќе од 53.900 луѓе, а 122.700 се повредени.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
